ПКК апелира до борците да се воздржат од напади врз турските безбедносни сили

Од:

Еден од лидерите на Курдската работничка партија (ПКК) Дуран Калкан денеска ги повика борците да се воздржат од напади врз турските безбедносни сили.

Неговиот апел доаѓа по ескалацијата на насилството во Југоисточна Турција по прекинот на примирјето од страна на ПКК.

Калкан не нареди прогласување на ново примирје, но истакна дека нападите врз војниците, кои ги извршуваат своите обврски, се во спротивност на ставовите на ПКК.

Над 60 полицајци и војници загинаа, а приближно 200 се повредени во нападите на ПКК и групите поврзани со неа.

Според турските медиуми 800 борци на ПКК се убиени, но таа информација не е потврдена.

Калкан исто така апелираше и до турските војници да не бидат жртви на „воените игри“ на Партијата на правдата и развојот (АКП), која ја обвини дека ги користат вооружените сили за да ја задржат власта.

Би можело да ве интересира

Шведска го екстрадираше во Турција Махмут Тат, осуден за членство на ПКК

Блинкен: За смртта на турските заложници во Ирак се одговорни „терористите на ПКК“

Жарко Настоски

Во Турција уапсени 418 лица поради поврзаност со ПКК

Ана Ололовска

Четворица загинати во судири меѓу турската армија и борци на ПКК

Ана Ололовска

Германија забрани две групи поради сомнеж за врски со ПКК

Ана Ололовска

Силите на сириските Курди се огранок на ПКК, изјави претставник на САД

Наум Локоски