Петар Колев: Поповски Роберт, во колку часот е пресот за твојата оставка?

Од:

Претседателот на Граѓанско демократската унија со писмено соопштение побара оставка од министерот Роберт Поповски.

„Цела недела да криеш, да дезинформираш и да се правиш како ништо да не се случило а на крајот еден млад живот да згасне е меко кажано невоспитано и нечовечки. Ако сакаме да врвиме по европскиот пат тогаш треба да ги следиме примерите од европските земји. Вие како министри сте должни да дадете личен пример дека верувате во тие вредности, во спротивно сѐ е само гол популизам. Ќе ве запознаам г. Поповски со неколку европски примери за одговорност и морални вредности:

1. Оставка на министерка во Словенија поради медиумски притисок, 25.03.2014 Словенечката министерка за здравство Аленка Троп Сказа поднесе денеска оставка, само еден месец откако ја презеде функцијата. Троп Сказа ја образложи оставката со притисокот од медиумите, кои ја обвинија за корупција, бидејќи градежната компанија на нејзиниот сопруг работи со многу локални болници. Таа ги отфрла обвиненијата за корупција, но објави дека ја напушта функцијата, бидејќи не може да го издржи медиумскиот притисок.
2. Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов на 20.06.2018 ја прифати оставката на заменик-министерката за труд и социјална политика на Бугарија, Росица Димитрова по објавената вест за скапата авионска карта, што таа ја искористила за да учествува на 11-тата конференција на Конвенцијата за правата на луѓето со посебни потреби во Њујорк. Министерката потрошила речиси 4, 5 илјади евра буџетски пари, од кои речиси 80% ја сочинувале цената на авионската карта за бизнис класа.
3. На 13.08.2016 г. шведската министерка за образование со босанско потекло, Аида Хаџиалиќ денеска поднесе оставка откако полицијата ја запрела со возило и утврдила дека има 0,2 промила алкохол во крвта. – Знам дека многумина се разочарани во мене. И јас сум сама лута на себе и многу жалам поради се ова, истакна Хаџиалиќ на прес-конференција, оценувајќи дека ја направила најголемата грешка во животот. Таа објасни дека испила само две чаши вино, верувајќи дека алкохолот ќе исчезне од нејзиниот организам пред да влезе во автомобилот.

Г-дин Поповски, вие како човек од медиумскиот свет сте добро информиран и знаете дека има уште илјадници вакви примери кога политичари во европските земји си поднесуваат оставки поради етички и морални причини. Бидете првиот македонски политичар кој ќе се одважи и ќе ја понесе сам својата одговорност. Поставете со својот пример висок критериум, покажете на граѓаните на нашата земја дека сте поразлични од другите, во спротивен случај во секој еден од нас ќе остане јасниот впечаток дека кожената фотеља, високата плата и куп други привилегии се поважни и од така шумно декларираните од самите вас европски вредности. Нема правда, нема мир, нели така г-дин Поповски?“ се вели во соопштението на ГДУ.

Би можело да ве интересира

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

ГДУ се откажува од пратеничките бенефиции

Ана Ололовска

ГДУ: Владата молчи за помошта која стигна до коцкарници, казина и фирми поврзани со власта

Ландов

ГДУ: Вонредната состојба се користи во полза на партијата на власт, а не на граѓаните

А1он

Секретарот на ГДУ, Димo Петкоски избран за шеф на Изборниот Штаб на партијата

Ана Ололовска

Колев: Падна од власт „фамилијата“ за да дојдат „рекетарите“