Пентагон: 1.300 војници од 15 држави ќе учествуваат во воена вежба во Украина

Од:

Околу 200 американски падобранци ќе учествуваат во меѓународните воени вежби во западниот дел на Украина од 13 до 26 септември, соопшти Пентагон.

– Станува збор за падобранци од 173-тата воздушно-десантна американска бригада, стационирана во Италија, изјави половник Стивен Ворен, портпарол на Пентагон, додавајќи дека американските сили ќе учествуваат и во друга воена вежба идната недела во Црното Море заедно со украински војници.

Во воената вежба ќе учествуваат 1.300 војници од 15 држави.

Меѓу нив се Украина, Азербејџан, Бугарија, Канада, Грузија, Германија, Романија, Велика Британија, Латвија, Литванија, Молдавија, Норвешка, Полска, Шпанија и САД. Воената вежба ќе се одржи во Јаворов, на околу 60 километри од Лавов во Западна Украина.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат