Пекинг: Американските царини може да ја нарушат глобалната економија

Од:

Кинеското Министерство за трговија денеска побара од Вашингтон да се откаже од планот за царините, предупредувајќи на опасноста од верижна реакција, која би можела да ја наруши светската трговија.

Потпаролот на кинеското Министерство за трговија, Гао Фенг предупреди дека Пекинг „ќе ги преземе сите соодветни мерки“ за да ги одбрани економските интереси на Кина.

Тој наведе дека плановите на американскиот претседател Доналд Трамп претставуваат „флангардно кршење“ на правилата на Светската трговска организација (СТО) и можат да предизвикаат верижна реакција од увозни ограничувања од другите држави, што ќе нанесе штета на глобалниот економски раст.

– Се надеваме дека САД ќе се откажат од планот кој води во амбис или ќе се бориме до крај, истакна Гао.

Тој не ги наведе деталите за тоа како Пекинг би можел да реагира на предлогот на Трамп за воведување на царини на кинеска стока вредна 60 милијарди долари, поради спорот поврзан за политиката на Пекинг кон странска технологија.

Гао посочи и дека Пекинг се придржува до правилата на СТО и покрај забелешките од Вашингтон, Европска унија и странските бизнис групации дека кинеските регулатори го попречуваат пристапот до пазарот и ги штитат домашните компании од конкуренција.

Потенцијалните царини кои минатата недела ги одобри Трамп претставуваат одговор на жалбите дека Пекинг „ги краде или ги принудува странските компании да ја предадат својата технологија на кинеските партнери“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски