Павлопулос: Албанија треба да ја затвори устата за Чамите ако сака да биде членка на ЕУ

Од:

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос денеска упати закани на адреса на Албанија во врска со подршката на Атина за членство на Албанија во ЕУ.

„Албанија треба да ја затвори устата околу прашањето за Чамите ако сака да биде членка на ЕУ“, изјави Павлопулос за време на посетата на грчките вооружени сили во Лариса, информираат албанските медиуми.

Тиранскиот весник „Тема“ пишува дека претседателот на Грција оваа закана ја упатил многу отворено, со цел Тирана да го премолчи прашањето за Чамите , за кое шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати изјави дека веќе е отворено во преговорите со Грција.

Весникот нагласува дека во време кога се започнати преговорите помеѓу Атина и Тирана околу надминување на крупните прашања помеѓу двете земји, Павлопулос изјавува дека прашањето за Чамите не постои.

„Албанија не треба да го покренува таканаречено прашање од времето кога беше присутен фашизмот во Грција“, рече Павлопулос.

Владата во Тирана упати критика по изјавата на грчкиот претседател нагласувајќи дека прашањето за Чамите постои, додека медиумите во Тирана изјавата на Павлопулос ја оценија како „долевање бензин на огнот“ во време кога Тирана и Атина водат преговори за значајни прашања.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов