Парно во Скопје ќе има од недела иако цевководот под мостот „Беласица“ ќе биде пуштен во декември

Од:

Новиот цевковод за топлинската енергија кој минува под мостот „Беласица“ ќе биде пуштен во употреба помеѓу крајот на ноември и почетокот на декември, но тоа нема да влијае врз новата грејна сезона во Скопје која почнува в недела на 15 октомври.

Александра Маројевиќ, помошник директор на ЕСМ за производство, дистрибувија и снабдување со топлинска енергија, за „А1он“ истакна дека засега се работат подготвителни работи и со Град Скопје постигнат договор за се. Наскоро ќе се излезе на терен за да се почне со замена на водот.

– Работиме подготвителни работи. Со Градот Скопје е постигнат договор, само се прават некои дополнителни активности во однос на некои набавки и многу брзо ќе излеземе на терен. Кога ќе излеземе на терен, ќе дадеме проценка кога ќе биде тој цевковод пуштен во употреба. По моја проценка тој би бил во функција помеѓу крајот на месец ноември и почетокот на декември – рече Маројевиќ.

Таа додаде дека поради тоа што мостот ќе биде пуштен подоцна, граѓаните нема да го осетат тоа на своите сметки за парно греење, односно цените ќе останат исти како што пред некој ден најави претседастелот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски.

„ Скопје ќе има парно греење, никогаш тоа не било доведено во прашање. Она на што инсистира РКЕ е тоа да биде по далеку пониски трошоци и РКЕ од тоа нема да отстапи. Скопје и со постојната инфраструктура што ја има со двете топлани Исток и Запад без кој било цевковод може да се снабдува со топлинска енергија и ќе нема никаков проблем во однос на снабдувањето со топлинска енергија. Поентата на сето тоа на што ние реагираме е што е можно повеќе топлинска енергија да ни дојде од ТЕ-ТО за да ги намалиме трошоците на целокупниот систем“, рече Бислимоски.

Нагласи дека ТЕ-ТО дава топлинска енергија која што е со пониска цена за два и пол до три пати отколку цената на топланите Исток и Запад.

„ И да не работи ТЕ-ТО, тоа ќе биде проблем на ЕСМ, и нема тоа да биде вкалкулирано во пресметките. Ако носиме одлука за цена дали е помал цевковод или поголем не не’ интересира. Ние во калкулациите ќе влеземе дека од ТЕ-ТО ќе се добие 60 до 70 проценти од топлинската енергија за да ја сочуваме ценовната стабилност. Зголемените трошоци во однос на тоа се разбира дека ќе си одат на тој којшто има проблеми да го реализира, вели Бислимоски.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови

Изборот за нов универзален снабдувач обвиткан со тајност

Почна реконструкцијата на автокампот Ливадишта во Радожда, се очекува да заврши до почетокот на летото

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

Орце Костов

Нема пазарна логика да се приватизира АД ЕСМ, тврди Бислимовски

ТЕЦ Неготино се спојува со ЕСМ за поисплатливо производство: Власта тврди дека нема да ги продаде

Орце Костов