Палестина ги „нападна“ Египет и меѓународната заедница: Ги загрозувате животите на ранетите

Од:

Бројот на загинати во Газа се искачи на 4.358 загинати и 13.651 повредени од 7 октомври, според палестинското Министерство за здравство.

Меѓу загинатите има 1.756 деца и 976 жени, додаде Министерството за здравство.

Министерството исто така, издаде соопштение во кое се осврнува на исклучувањето на горивото од хуманитарната помош испратена во Газа. Се тврди дека тоа ги загрозува животите на болните и ранетите.

„Апелираме до меѓународната заедница и Египет веднаш да почнат да работат за испорака на гориво и итни медицински материјали пред да бидат изгубени повеќе животи во болниците“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ИДФ: Во последните 24 часа во Газа беа погодени 40 цели

ОН се обидуваат да спречат глад во Газа: „Постојано има некој нов проблем“

Во израелскиот напад на градот Газа загинаа 29 лица, десетици се повредени

ВАФА: Во денешните израелски напади врз Појасот Газа загинаа 25 лица

Горан Наумовски

САД: Повеќето од заложниците кои ги држи Хамас се мртви

МекГолдрик за Газа: Ситуацијата е едноставно катастрофална