Палестина ги „нападна“ Египет и меѓународната заедница: Ги загрозувате животите на ранетите

Од:

Бројот на загинати во Газа се искачи на 4.358 загинати и 13.651 повредени од 7 октомври, според палестинското Министерство за здравство.

Меѓу загинатите има 1.756 деца и 976 жени, додаде Министерството за здравство.

Министерството исто така, издаде соопштение во кое се осврнува на исклучувањето на горивото од хуманитарната помош испратена во Газа. Се тврди дека тоа ги загрозува животите на болните и ранетите.

„Апелираме до меѓународната заедница и Египет веднаш да почнат да работат за испорака на гориво и итни медицински материјали пред да бидат изгубени повеќе животи во болниците“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Хезболах истрела десетици ракети врз пограничен град на северот на Израел

Министерство за здравство во Газа: Алармантен број луѓе заболени од хепатитис и менингитис

Израел: ИДФ ја негира одговорноста за масовните убиства во болницата во Газа

Заина Харун: Масовните гробници ќе ги откријат суровите докази за воените злосторства на Израел

Од почетокот на војната во Газа загинале 34.151 лице

ИДФ: Во последните 24 часа во Газа беа погодени 40 цели