Океаните не билe вака кисели во последните 300 милиони години

Од:

Без дилеми климата на Земјата се менува а новото предупредување на ОН, само го разгори стравот. Нивото на гасови во атмосферата го проби минатогодишниот рекорд, додека океаните кои таа емисија ја апсорбираат, никогаш не биле покисели.

“Времето ни поминува. Работите ќе бидат само полоши. Минатата, сегашната и идната емисија на CO2 ќе има кумулативен учинок на глобалното затоплување. Мораме да го прекинеме го прекинеме тој со смалување на емисијата на CO2 и останатите штетните гасови“ – изјави Мишел Жеро, првиот човек на Светската метеоролошка организација (WMO).

Концентрацијата на јаглерод диоксид, метан и азот моноксид во атмосферата постави нов рекорд во 2013. година, додека глобалната концентрација на CO2, главниот виновник за глобалното затоплување, во минатата година пораснал за 396 делови по милион на обем (ппмв) или за 142% во однос на преиндустриското ниво, односно периодот пред 1750. година.

Четвртината штетни емисии од стаклената градина ја апсорбираат океаните, додека друга четвртина влегува во биосферата, која на природен начин го ограничува нивото на штетни гасови во атмосферата.

Гасовите апсорбирани во океаните имаат долгорочни негативни последици, предупредува WMO, бидејќи CO2 ја зголемува киселоста и го загрозува екосистемот на океанот.

Инаку, секојдневно светските океани апсорбираат четири килограми CO2 по човек, па затоа океаните не биле вака кисели 300 милиони години.

Би можело да ве интересира

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он

Четири лица загинаа во ураганот што го погоди југот на Русија

Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин

Горан Наумовски

Принципи за мир – нова рамка за решавање на судирите низ светот

Ана Ололовска

ОН: Пет милиони деца починаа во 2021 година пред нивниот петти роденден

Ана Ололовска

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Ана Ололовска