Обвинители и истражители во СЈО се подготвени да сведочат во истрагата за рекет

Од:

Обвинители, истражители и вработени во СЈО се подготвени да се појават како сведоци во истрагата на обвинителката Вилма Русковска, кои би потврдиле што се случувало во СЈО, особено во предметот „Империја“, кој беше отворен во ноември лани, дознава „А1 он“.

Нашите извори тврдат дека меѓу обвинителите во СЈО имало несогласување со некои од постапките на Катица Јанева и дека за тоа во Обвинителството постојат службени белешки, но и сведоци што биле подготвени да дадат исказ.

Извори за „А1 он“ тврдат дека додека обвинителката Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, била на одмор, кичевската обвинителка Елизабета Јосифовска, која ѝ е заменичка на Катица Јанева, предложола oсомничениот Јордан Камчев да добие позитивен предлог од СЈО до судот за привремен пасош.

Откако еднаш судијката на претходна постапка, Весна Димишкова, го вратила предлогот за Камчев до СЈО на преуредување, вториот документ, со кој се дава согласност за привремен пасош, го потпишала лично Катица Јанева. Јавноста дозна дека Камчев е надвор од државата кога беше забележан во Келн, Германија, каде што ја следеше ракометната Лига на шампионите.

Сепак, јавноста отворено најмногу негодуваше претходно кога СЈО даде позитивен предлог за осомничените Јордан Камчев, Сашо Мијалков и другите осомничени од „Империја“ пред Нова година да излезат од притвор во куќен притвор.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во меѓувреме ги очекува резултатите од вештачењата на одземените предмети кај осомничените за да се утврди евентуалната поврзаност на обвинителот од СЈО во истрагата.

Последната истрага што СЈО ја отвори на 9 ноември, наречена „Империја“, опфати 14 лица, кореспондира со времето на дејствата кога осомничените во истрагата на обвинителката Вилма Русковска почнале да се нудат да тргуваат со влијание со обвинител од специјалното јавно обвинителство.

Во март годинава медиумите објавија дека во СЈО се случила поплава во која биле ошетени документи токму од предметот „Империја“. Официјалното соопштение беше дека пукнала цевка од системот за парно греење во неработен ден навечер.

СЈО тогаш соопшти дека се посветени на испитување на причините за дефектот и дека се спроведува внатрешна процедура,за попис и процена на вкупната штета на објектот и опремата.

Би можело да ве интересира

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески