Обединети Арапски Емирати: Поради невремето се затворени училиштата

Од:

Во Обединетите Арапски Емирати денеска се затворени училиштата поради невообичаено силните врнежи од дожд, кој на неколку часа го сопре и авиосообраќајот на аеродромите во Абу Даби и Дубаи.  

Со оглед на тоа дека се очекува невремето да потрае, дацата и утре нема да одат на училиште.

На фотографиите, објавени на социјалните мрежи се гледа како водата стигнала до половина на возилата на улиците на Абу Даби, пренесува Танјуг. 

Според најавата од хидрометеоролозите и утре се очекува невреме.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Израел и Емиратите наскоро ќе воспостават авионски врски

Жарко Настоски

Туристите во Емиратите ќе добиваат бесплатни СИМ картици

Ана Ололовска

„Етихад Ервејс“ со загуба од 1,28 милијарди долари во 2018 година

Ана Ололовска

ОАЕ ги повикуваат граѓаните да избегнуваат традиционални облеки, кога патуваат надвор од земјата

Емир Латифовиќ

ОАЕ повика на заеднички напори за искоренување на радикализмот

Емир Латифовиќ

Познати учесниците на Емирати Купот

Ана Ололовска