Обама: Ако се отфрли договорот со Иран, последна варијанта за дејствување е воена операција

Од:

Доколку Конгресот на САД го отфрли договорот меѓу шесте светски сили и Иран, тоа би можело да значи дека „последната варијанта за дејствување е воена операција“, изјави американскиот претседател Барак Обама во интервју за списанието „Форвард“.

– Притоа таквата ситуација може да се случи не за време на мојата, туку во текот на следната администрација, истакна Одама, додавајќи дека тој фактор треба да се земе предвид при дискусијата за договорот во Конгресот.

Според американскиот претседател, не треба да се очекува доколку САД го отфрлат договорот, дека Кинезите, Русите, Индијците или Јапонците ќе се согласат да ги остават активни санкциите против Иран.

Обама нагласи дека тој и меѓународната заедница сметаат оти договорот е корисен и не се согласува со оние кои се против него.

Во интервјуто Обама категорично ги отфрли и обвинувањата против него за антисемитизам, откако Израел упати остри критики за договорот со Техеран. Американскиот претседател изрази загриженост поради нападите врз Евреи кои го поддржуваат документот со Техеран.

Би можело да ве интересира

Јапонија: Грозд продаден за 7.500 евра

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Заев: Да инвестираме во иднината, а не во минатото

Ана Ололовска

Филе во вторник во Македонија за финализирање на пролетниот извештај

Ана Ололовска