Новинари бараат од светските лидери подобро заштита

Од:

Четворица новинари во обраќање до Советот за безбедност на Обединетите нации ги повикаа светските лидери да сторат повеќе со цел да ги заштитат репортерите додека ги ризикуваат своите животи, извршувајќи ги своите задачи во конфликтните региони ширум светот.

Еден од новинарите, Ричард Енгел од Ен-Би-СИ изјави дека заштитата на новинарите денес можеби е потешка од кога и да е „бидејќи прво мора да се реши прашањето, кој е новинар, а кој активист“.

– Сега сите сме блогери и бунтовници со камери. Повеќе апсолутно нема почит кон новинарите со кариера, рече Енгел, кого кон крајот на минатата година го киднапираа и пет дена како заробеник го држеа приврзаници на режимот во Сирија.

Тој додаде дека професионалните новинари треба да бидат признати и заштитени на сличен начин како и меѓународните дипломати. Во Советот за безбедност говореше и уредничката во агенцијата Асошиејтед прес, Кетлин Керол, која изјави дека новинарите се „ушите и очите на јавноста“ во конфликтите и војните, бидејќи одат таму, каде другите не можат и прашуваат работи за кои обичните луѓе не смеат да прашаат.

Состанокот на новинарите и воените известувачи со членови на Советот за безбедност е одржан на иницијатива на САД.

Би можело да ве интересира

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Извештај за безбедноста на новинарите: Продолжуваат заканите, притисоците и ограничувањата врз медиумските работници

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

Повеќе новинари беа убиени во 10 недели војна во Газа отколку за една година во сите други земји

Најмалку 48 новинари загинаа во војната меѓу Израел и Хамас