Нефи Усеини е на патување, се одложи рочиштето за претепувањето на општинскиот советник

Од:

Одложено е првото рочиште за предметот против бизнисменот и висок претставник на ДУИ, Нефи Усеини за претепувањето на советникот во Општина Охрид, Џемал Мена. Охридскиот суд добил известување од Усеини дека е спречен да присуствува. Тој за тоа доставил и белешка, која судот ја прифатил и го одложил рочиштето.

„Обвинетиот има доставено потврда дека бил надвор од земјава“, велат кратко од Основниот суд во Охрид за „А1он“.

Усеини се гони дека сторил кривично дело спречување на службено лице во вршење службено дејствие. Ова е втор предмет за физичко насилство кој е во судска постапка против Усеини, а четири предмети за други дела се водат во Обвинителството. Обвинителниот предлог против Усеини е напишан на две страници. Во него е опишано, како во јуни 2019 година, Усеини, незадоволен од тоа како сакал да гласа неговиот тогашен колега Џемал Мена за точка на дневен ред, го натепал пред останатите советници во Општина Охрид. Во него се наведени сите повреди кои му биле нанесени на Мена.

Советникот во Општина Охрид од Беса, Џемал Мена пред две години и за „А1он“ сведочеше дека бил тепан во салата за одржување на седници, во присуство на градоначалникот Константин Георгиески.

Охридското обвинителство покрај обвинителниот предлог за овој случај, одлучи да не го гони Усеини за нападот на инспекторот кој наместо да изврши надзор, беше набркан од дивоградба кај Чинарот. На Усеини за овој случај му беше поднесена кривична пријава од инспекторот во полицијата за три кривични дела, односно, спречување службено лице во вршење на службено дејствие, загрозување на сигурноста и фалсификување службена исправа. Обвинителот не спори дека Усеини ги сторил делата, но тврди дека тие не се гонат по службена должност. Ова беше вторпат како Обвинителството не се гони Нефи Усеини со образложение дека делата не се гонат по службена должност. Претходно, беше отфрлена пријава од професорот Илјаз Илјази, инцидент од кој „А1он“ објави видео.

Против Усеини се водат и други три предмети, а против неговата фирма „Нефи-ИК“ се води еден предмет. Скоро сите предмети за Усеини се во истражна постапка, освен еден за кој има обвинителен предлог. Во тек е и судењето против Усеини за нападот на сограѓанин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка