НБРМ до 15 декември ќе го пропишува минималното ниво на капитал за банките во наредната година

Од:

Советот на Народната банка на Република Македонија денеска донесе измени и дополнувања на Одлуката за начинот на вршење супервизија и надзор.

Од НБРМ информираат дека со донесените измени е утврдено дека најмалку еднаш годишно овластените лица од Народната банка го оценуваат минималното потребно ниво на капитал за банката, коешто се однесува за наредната година. Најдоцна до 15 декември во тековната година, Народната банка ќе го пропишува минималното потребно ниво на капитал за банката за наредната година. Оцената на минималното потребно ниво на капитал за банката ќе може да се изврши и во период пократок од една година, доколку е потребно поради природата, видот и обемот на активностите што ги врши банката и ризиците на кои е изложена како резултат на тие активности, за што банката, соодветно ќе биде известена

Како што соопшти НБРМ, со донесените измени се појаснува процесот на изготвување оцена на севкупниот профил на ризик на банка и неговата содржина, вклучувајќи ги и ризиците што произлегуваат од макроекономското опкружување.Оцената на севкупниот профил на ризик на банката, во согласност со оваа Одлука, опфаќа оцена на деловниот модел на банката, корпоративното управување во банката, ликвидносната состојба во банката и ризиците врз капиталната позиција на банката.

Со Одлуката се определува начинот на кој, врз основа на утврдениот севкупен профил на ризик на банка, се изработува супервизорска стратегија за банката, се оценува минималното потребно ниво на капитал за банката и потребата за пропишување на повисоки стапки од пропишаните во член 65 ставови 1 и 2 од Законот за банките.

Би можело да ве интересира

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво

Девизните резрви на крајот на јануари 4,33 милијарди евра

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

НБРМ: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30%

Народна банка: ЕЦБ ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за уште една година

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски