НБМ: Девизниот курс на денарот сe одржува на стабилно ниво

Од:

На домашните финансиски пазари продолжува зголемената меѓубанкарска активност на пазарот на депозити, при релативно високо учество на реализираните меѓубанкарски трансакции со подолга рочност (од 7 дена до 1 месец) во вкупниот промет. Движењата на девизниот пазар се поволни и се карактеризираат со повисока понуда на девизи и зголемен откуп од страна на Народната банка, што пак обезбедува одржување на девизните резерви на соодветно ниво. Во такви услови, девизниот курс на денарот се одржува на стабилно ниво.

Ова денеска го соопшти Кабинетот на гувернерот на Народната банка на Македонија по вчера одржаната редовна месечна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика, на која беа разгледани најновите движења на домашните и меѓународните финансиски пазари и ликвидноста во банкарскиот систем.

На меѓународните финансиски пазари, како што се наведува, согледувањата на инвеститорите се подобрија, како резултат на најавените мерки за справување со европската должничка криза и третиот циклус на квантитативно олеснување од страна на ФЕД.

Европската комисија ги објави есенските проекции, според кои се очекува дека европската економија ќе се стабилизира кон крајот на 2012 година, а во текот на 2013 година ќе забележи умерен раст. Сепак, глобалните економски изгледи сè уште се под влијание на неизвесноста во евро-зоната и послабото економско закрепнување во следниот период, во споредба со претходните очекувања, стои во соопштението.

Имајќи ги предвид најновите движења, Комитетот за оперативна монетарна политика оцени дека поставеноста на монетарната политика е соодветна на постојните економски и финансиски услови и ја задржа максималната каматна стапка на благајничките записи на нивото од 3,75 отсто. Притоа, во услови на подобрена ликвидност во банкарскиот систем, Комитетот одлучи на аукцијата да се понудат благајнички записи во износ од 25.100 милиони денари, што претставува умерено повисоко ниво од достасаниот износ (24.333 милиони денари), се вели во соопштението од Кабинетот на гувернерот на Народната банка на Македонија.

Би можело да ве интересира

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво

Девизните резрви на крајот на јануари 4,33 милијарди евра

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан