НАТО и ЕУ се залагаат за поблиска соработка

Од:

Претставниците на НАТО и на Европската унија се согласија дека треба да се посветат на поблиска соработка пред Самитот во Брисел, кој претставува тест за веќе тензичните односи меѓу САД и нејзините европски партнери.

На Самитот на НАТО, што се одржува утре и в четврток, американскиот претседател Доналд Трамп се очекува да ги повтори неговите барања дека европските сојузници во Алијансата треба да ги зголемат расходите за одбраната на два отсто од бруто домашниот производ.

– САД трошат повеќе за НАТО од која и да било друга земја. Тоа не е фер, ниту е прифатливо, напиша вчера Трамп на Твитер.

Дваесет и двe членки на НАТО се исто така и членки на ЕУ.

За денеска е најавено потпишување на заедничка декларација за соработка на ЕУ и НАТО.

Европската страна ја претставуваат претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и претседателот на Советот на ЕУ Доланд Туск, а потписот за НАТО ќе го стави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

Оваа декларација е патоказ за понатамошната соработка.

– Ние сме горди на она што досега е постигнато, но можеме да направиме повеќе, се наведува во заедничката изјава на Јункер, Туск и Столтенберг, во која германската новинска агенција ДПА имаше увид.

Во декларацијата се потенцира дека соработката ќе биде насочена кон мерките за олеснување на воените транспортни врски низ Европа, на пример преку надградување на патишта и мостови, истовремено намалувајќи ја бирократијата на националните граници, како и контратероризам и подобрување на отпорноста на хемиски, биолошки и нуклеарни ризици, се вели до изјавата.

НАТО „ќе продолжи да ја игра својата единствена и централна улога како камен-темелник на колективната одбрана“ ако одговор на загриженоста на САД дека иницијативите за ЕУ одбрана би можеле да создадат паралелни структури.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски