НАТО: 12.000 руски војници на границата со Украина

Од:

НАТО соопшти дека Русија со зголемување на бројот на своите војници во близина на украинската граница на 12.000, направи потег кој го попречува разрешувањето на кризата.

-Тоа не е чекор во права насока, туку потег кој одалечува од смирување на состојбата. Според наша проценка помеѓу 10.000 и 12.000 руски војници се наоѓаат покрај границата со Украина- изјави официјално лице на НАТО и додаде дека Алијансата уште еднаш ја повикува Русија да ги повлече своите трупи, да престане да дава поддршка на проруските сили и да го сопре дотурот на оружје.

Продлабочувањето на украинската криза ја потпомогна руската анексија на Крим во март, кога Русија распореди околу 40.000 војници на границата и ги игнорираше повиците на Запад да се повлече.

Рускиот претседател, Владимир Путин во мај најави крај на воените вежби во пограничната област и враќање на војниците во базите.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Беспилотно летало „камиказа“ разнесе воен хеликоптер во Придњестровје

Во Русија: Најмалку 74 уапсени за протести за време на претседателските избори

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во руска рафинерија: Украинците нападнаа со дрон, има загинати

Русија блокираше 160.000 хакерски напади од почетокот на гласањето

Горан Наумовски

Министерство за одбрана на Русија: Уништен објект за склопување дронови во близина на Одеса

Горан Наумовски