Мото дефиле за подигање на свесноста за ракот на простата

Од:

Шеесетина мотоциклисти со уникатни мотори и специјална џентлменска гардероба денеска ќе продефилираат низ централните скопски улици со цел да испратат порака за подигнување на свеста кај мажите за превенција од рак на простата.

Со дефилето Скопје првпат ќе се приклучи на глобалното движење „The Distinguished Gentlemans Ride” кое е единствено од овој тип и се одржува на ист датум со иста причина во повеќе од 500 градови во светот.

– Главен акцент на настанот е префинетиот вкус во модата и уникатност на мотоциклите, со што ќе се навратиме наназад во ерата кога естетиката и деталите биле многу повеќе присутни и ценети од денес, соопштија организаторите.

„The Distinguished Gentlemans Ride“ е основан во 2012 година од Марк Хава од Сиднеј и како лого има џентлмен со луле и монокл облечен во најфин машки костум. На самиот почеток основната цел била да се разбијат негативните стереотипи за мотоциклистите.

Првиот настан успеал да обедини 2500 мотоиклисти во 64 града, што било причина Марк да го искорити во хумнитарни цели, воедно подигајќи ја свеста кај мажите за сопственото здравје.
Низ годините настанот станал глобално прифатен, така што минатата, 2015 година, имало повеќе од 37.000 учесници во 410 градови и 79 држави и биле собрани 2,3 милиони долари за истражувања на рак на простатата.

За оваа година се регистрирани околу 50.000 учесници во повеќе од 500 градови и 90 држави. Во Скопје се пријавени 67 учесници и се собрани донации од околу 800 долари. Глобалната порака за подигање на свеста за здравјето на мажите ќе биде испратена во 13 часот во Тренд гастро бар во населба Аеродром.
Партнер на настанот е глобалната Мовембер Фондација, која е најголема глобална фондација што се грижи за здравјето на мажите.

Би можело да ве интересира

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески