Морси ги повика политичките лидери на национален дијалог

Од:

Египетскиот претседател Мухамед Морси за денеска ги покани своите политички сојузници и опоненти на национален дијалог во претседателската палата во Каиро, пренесоа светските агенции, цитирајќи го соопштението на претседателскиот кабинет.

Соопштението беше издадено по телевизиското обраќање на Морси, кој прогласи вонредна состојба во три провинции, за да ги смири растечкото насилство и протестите.

Вонредната состојба ќе биде во сила 30 дена.

Во соопштението се наведува дека поканата е упатена кон исламистичките сојузници на претседателот, кон либералните и други опозициски групи, како и кон видни политичари, како што е левичарскиот лидер Хамден Сабахи и поранешниот министер за надворешни работи и лидер на Арапската лига, Амр Муса.

Портпаролот на Националниот фронт за спас, главната опозициска коалиција, ги поздрави напорите на претседателот Морси да го воспостави редот.

Халед Дауд побара да се соопштат повеќе детали за поканата за национален дијалог.

-Според нас, на претседателот му бега вистинскиот проблем, неговата сопствена политика. Но, објавувањето на вонредната состојба е правилен чекор, ако имаме предвид што се случува, бандитизам и криминални дејствија, рече Дауд за британските медиуми.

Околу 200 лица синоќа излегоа на протест по улиците на египетскиот град Исмаилија, откако претседателот Мухамед Морси ја прогласи вонредната состојба во овој и во уште два египетски града на Суецкиот канал, пренесоа агенциите.

-Долу Морси, долу вонредната состојба, скандираа демонстрантите.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски