Моделите „БМВ М“ добиваат хДрајв погон

Од:

Иако неoдамна ја отфрли можноста погонот на сите четири тркала да се најде во „М“ моделите, шефот на спортското одделение на „БМВ“,

Фридрих Ничке, во меѓувреме го промени мислењето. Уште во февруари Ничке изјавуваше дека „БМВ М-Техник“ ќе продолжи да развива автомобили исклучиво на заден погон. Како причина беше наведено дека вградувањето хДрајв систем ќе ги оптовари автомобилите со дополнителни 80-90 килограми и на тој начин ќе ги ослабне нивните перформанси. Меѓутоа, се чини дека во „БМВ“ се предомислија, а интересно е дека како причина за ваквиот пресврт се наведува искуството на најголемиот ривал, одделението АМГ на „Мерцедес“.

Имено, во разговор за сајтот „Моторинг“ Ничке забележа дека од вкупниот број продадени „Мерцедеси Е63 АМГ“ на американскиот пазар, 70 до 80 отсто отпаѓа на авомобилите со погон на сите четири тркала.

– Размислуваме одделни „БМВ М“ модели да ги понудиме во верзии со хДрајв погонски систем, но не очекуваме дека таквата идеја ќе се реализира пред на пазарот да се појават наследниците на актуелните верзии „М5“ и „М6“, рече Ничке.

Од друга страна, помалите модели, како што се „БМВ М3“ или „БМВ М4 Купе“, и натаму ќе се произведуваат исклучиво како автомобил со заден погон. Ничке објасни дека хДрајв ќе биде достапен како опција, бидејќи смета дека големо мнозинство купувачи на „М“ моделите и натаму се наклонети на задниот погон.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска