ВИДЕО: МНТ е отворен незавршен, театарската сезона започнува од 1. септември

Од:

„Македонскиот народен театар“ е отворен незавршен, бидејќи се’ уште не е наместен лустерот со 724 светилки во салата за претстави, кој треба да соодвестува со бројот на седишта во публиката.

Иако отворањето на „Македонскиот народен театар“ беше предвидено во 11 часот, сепак сечењето на црвената лента се случи еден час подоцна, поради вообичаеното доцнење на премиерот Никола Груевски. Министерството за култура го предаде објектот на користење на раководството на Македонскиот народен театар, додека театарот ќе започне со работа од 1 септември, кога за прв пат ќе биде подигната половина милион вредната црвена завеса, со премиерната претстава на „Вечната куќа“ на Јордан Плевнеш.

На свеченото припопредавање, покрај премиерот Груевски и министерката за култура Елизабета Камческа – Милевска, присувствуваа министрите во Владата, пратениците од ВМРО – ДПМНЕ, претставници на верските заедници, актери и уметници.

Канческа – Милевска рече дека во изградбата на театарот е вложена нивна максиманлна посветеност , голема поддршка на граѓаните, како и разбирање од страна на политичките структури.

– Нашите театарски уметници, долги години поминати во импровизирани објекти, од денеска ќе творат според највисоките светски стандарди, како во Њујорк и Париз. За уредувањето на ентериерот се погрижија и самите граѓани, кои донираа голем број на предмети и експонати, фотографии и лични предмети кои ја афирмираат 70- годишната историја на МНТ – порача Канческа – Милевска.

Директорот на МНТ, Дејан Лилиќ рече дека МНТ ги има сите услови за работа, како и во најголемите европски театри.

– Веќе 50 години МНТ заедно со публиката беа во постојана потрага за нашиот нов дом. Денес сонот, се оствари. Нашата генерација отвора нова страница на театарската историја. Сонувањето на оваа сцена ќе биде бескрајно, со целата наша фантазија, потпомогнати со најсовремената сценска технологија – истакна Лилиќ.

nov-teatar-a1otvo

Премиерот Никола Груевски не испушти можност, а да не спомне дека возобновувањето на „Македонскиот народен театар“, е дел од проектот „Скопје 2014“, кој според некои луѓе го нагрди и уништи духот на Скопје. Притоа, тој рече дека и покрај светската економска криза, по многу превирања со донесувањето на буџетот и неговиот ребаланс, сепак е изнајден начин да продолжи и да се заврши изградбата на МНТ.

 – Овој нов и модерен објект ќе понуди сосема ново доживување за сите оние кои го разбираат говорот на театарската уметност и глума, во која и јас поминав дел од својата младост – изјави Груевски.

Како што изјави театрологот Јелена Лужина, граѓаните во МНТ се’ до вчера донирале преку 5. 000 предмети. Последен предмет кој е донесен во објектот бил портрет на Ристо Шишков.

nov-teatar-a1otvr

Идејното решение кои го осмислија новиот изглед на Македонскиот народен театар е на архитектите Јован Стефановски – Жан и Ивана Стефановска.

По завршувањето на протоколарниот дел, актерите од МНТ изведоа фрагменти од неколку претстави.

Колку чини возобновувањето на старо – новиот театар?

На деталниот отчет на Владата за „Скопје 2014“, кој се случи пред еден месец, министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска објави дека проектот од 2008 година до крајот на април чини речиси 208 милиони евра.

Кога станува збор за возобновувањето на старо – новиот театар, иако за изградба на овој објект на почетокот беа предвидени само 6 милиони евра, сепак на крајот театарот успеа да стигне до сумата од речиси 38 милиони евра. Неговата изградба траеше речиси пет години и одамна ја надмина првичната сума од 6 милиони евра, со оглед на тоа дека на сајтот на Бирото за јавни набавки постојано се објавуваа тендери, кои се однесуваа на непредвидени трошоци.

За големата разлика од 31 милиони евра, Камческа-Милевска објаснуваше дека првичниот договор се однесувал само на архитектурата на објектот, но не и на сценската технологија, орнаментиката, внатрешното украсување и мебелот.

Огноотпорните завеси се платени од буџетот вкупно 581 илјада евра, за противпожарни апарати се оддвоени еден милион евра, додека за изведување на машински инсталации речиси два милиони евра. За 40-те склуптури леени во бронза се потрошени 330 илјади евра, додека за 192 склуптури изработени од гипс,  272 илјади евра.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

Орце Костов

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка