ММФ: Акциите на САД недоволни за избегнување на „фискална бездна“

Од:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) оцени дека американските акции за избегнување на „фискална бездна“ не помогнаа особено за решавање на дефицитот и должничките проблеми на земјата.

ММФ го поздрави политичкиот договор постигнат во Вашингтон, што овозможи најголемата светска економија да избегне намалување на буџетските трошоци и зголемување на даноците.

– При недостиг на акции од Конгресот, економското заздравување би можело да забави, се наведува во соопштението на портпаролот на ММФ, Гери Рајс.

Рајс нагласи дека Конгресот остварил недоволен напредок на планот за решавање на американските проблеми во поширока смисла, вклучително и прекумерниот дефицит.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност