(ВИДЕО) Младенов бил лоциран по телефонот, а истрагата кажа дека не е пронајден

Од:

Јавноста ќе слушне болна вистина за истрагата на великанот на македонското новинарство Никола Младенов. Докази, аргументи и фактите кои се објавуваат јасно упатуваат дека постапката за смртта на Никола Младенов власта ја водела неодговорно, со намерно прикривање информации од јавноста. Постојат 10 прични зошто е потребно да се отвори нова истрага за смртта на Никола Младенов, рече Зоран Заев на прес конференцијата во партиското седиште.

На прес конференција на која учествуваа Гордана Гешовска, Марко Зврлевски, Гордана Јанкулоска и други претставници на МВР, одржана на почетокот на јули 2013 година, покрај причината за смртта, повреда од раскин на аортата, беа соопштени шест клучни работи: дека се отфрла судир со друго возило;дека не можело да се утврди каде бил Младенов пред трагичниот настан; дека не е пронајден телефонот на Младенов;дека на местото на настанот не биле пронајдени фискални сметки;дека телото на Младенов било пронајдено на 7 метри од возилото;дека причината за несреќата е неприлагодена брзина на автомобилот кон условите на патот;

Од доказите и разговорите коишто денеска ќе ги објавиме ќе стане јасно дека ниту една од овие шест клучни работи не се точни.

Денеска, доказите и аудио разговорите ќе го отворат прашањето дали случајот Никола Младенов воопшто може да се затвори како трагична сообраќајна незгода или има доволно индиции да се покрене истрага, дали можеби некој ја предизвикал таа несреќа, праша Заев и објави раговори за кои рече дека се помеѓу помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протугер.

-Јавноста ќе слушне, од устата на Јанкуловска, дека лоцирањето на телото на Младенов било извршено со следње на сигналот од неговиот телефон и дека МВР го проверувала телефонот на Младенов, рече Заев.

1.Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протугер

ГЈ: Не е лошо утре, да видиме истражниот да даде изјава, пошто реално мислам, ја ќе ти кажам шо ќе има, ама не е во ред ние да даваме изјава за нешто што не сме го работеле, условно речено, ние директно?
МП: Не, не вие не треба да давате изјава, никако…
ГЈ: Ние и заради тоа денес се дистанциравме, телото е…од што е умрен тоа, не знаеме, телото на обдукција е, кои се причините истражниот го води увидот. Мислам јас се координирав со моиве, зошто претпоставував дека таја меѓу два круга, ова она и Нино ми се јави, ми вика абе да не има нешто..абе нема ништо, излетал од кола…

2.Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протугер

ГЈ: Негово е возилото лично, значи он со истото возило отишол натаму, иначе мислам го терале, знаеш, последен човек со кого се видел е Стевче Јакимовски.
МП: Дa?
ГЈ: ха
МП: А кај се видел?
ГЈ: Па не прашав да бидам искрена.
МП: А шо бара он натаму по тој пат?
ГЈ: Па можда таму негде понастрана се гледале, не прашав, пошто нашиве знаеш правеле разговори, телефонот му го проверуваат, сите тие работи и само тоа ми кажаа, да знаете последен пат се видел со Стевче.
МП: А зошто толку време бил исчезнат, се водел како исчезнат?
ГЈ: Епа зошто, жена му синоќа се слушнала со него околу десет саат и он и рекол за толку и толку време си доаѓам дома, нели?
МП: мхм
ГЈ: …и оваа чека да си дојде дома. Не се јавил саат, два, три, пет и дури сабајле дури она побара беше од кај 8 саатот сабајле, вика абе не му се случило на него толку долго да не се јави, знаеш. Башка преку ноќ не се вратил дома, не е нешто да речеш се зафатил со работа. Вика му звонам, телефонот му е активен.
МП: Да не бил у кафана после нешо негде да не? Пошто си пивкаше он…
ГЈ: Епа она и самата…Јас со Павле зборев, пошо она ми вртела од сабајле, ама ја кај и го знам телефонот, у 7 сабајле, непознат број ти звони, и Павле ме доби. Абе знаеш вика женава е загрижена, да ти го дадам бројот да го лоцирате, кај е географски, вика оти знаеш да не џапнал баш, со овие зборови вика, да не дрмнал некоја вотка поише па нешто да му се случило, од кај да знам дека он вотка пие, он така? Мислам реално…Вика, има и, баш со овие зборови, он јака кола има, мерцедес да не згазнал поише отколку што треба, она за тоа се секира. И ја му викам на Павле нема проблем, ама дај женава…ние одма ќе укључиме, ама женава нека ни побара, пошто знаеш терсене се… утре ќе рече што сте ми го лоцирале телефонов?
МП: Да да да
ГЈ: Посебно таков човек ..И жена му за волја на вистината, одма дојде во полициска станица, пополни тоа све што треба и практично после тоа, немаше ни два саати ние кога го најдовме кај е.
МП: мхм
ГЈ: По сигналот на телефонот..
МП: мхм мхм
ГЈ: Еве ќе видам сабајле ќе ти кажам ако нешто, мислам ќе ти кажам да знаеш прво кои се причините, ќе прашаме у судска медицина, па да процениме дали…
МП: Тоа е важно, може да се открие алкохол у крв. Евентуално доколку постои
ГЈ: Да да да ако бил во алкохолизирана состојба ќе се открие на обдукцијата
МП: Ја ги гледам сега бе како као го величеа, као он да е, чекај бе чоекот е…
ГЈ: Да да сите го пљукаа
МП: Мислам Бог да го прости, беше корумпиран, беше све тој човек бе
ГЈ: Се што не треба да биде
МП: Рекетар, преварант, хоштаплер, лажов, што нема пишувано за нас, најгрдите лаги
ГЈ: Се шо не треба, да се шо не треба
МП: Шо сега ние овдека не треба да имаме двоен морал, имал ….океј Бог да го прости, нека му е лесна земја, шо нема да го плачеме сега.

Би можело да ве интересира

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Дојава за бомба во РТС

По дојава за поставена бомба: Затворени 27 училишта во Белгија

Детали за инцидентот во Призрен: По тепачката фрлена e рачна бомба, десет лица се повредени

Горан Наумовски

Дојава за бомба во Нови Пазар, евакуирани се ученици од основно училиште

Горан Наумовски