Митевски: Изградба на нова општинска зграда во Македонска Каменица

Од:

Со Изборната програма 2017-2021 кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Македонска Каменица, Дарко Митевски, предвидува изградба на нова административна зграда согласно со потребите за современа, брза и ефикасна општинска администрација.

На денешната прес-конференција тој истакна дека зборовите ветени во програмата 2013-2017 денес значат проекти во Македонска Каменица.

– Денеска најавуваме низа проекти од новата прогарама. Многу значаен проект кој ќе биде реализиран во првите, е подготовка на документација и изградба на нова административна зграда на Општина Македонска Каменица. По што ќе започнеме со целосна реконструкција на стариот Дом на рударите кој е во сопственост на Општина М. Каменица ќе биде наменет за повеќе целни групи. На првите два ката ќе бидат направени 30 апартмани за пензионери, а другите катови ќе бидат адаптирани во апартмани и живеалишта за разни категории граѓани со ниски примања, самохрани родители, лица кои живеат во тешки услови. Оваа зграда за само 1,5 година ќе биде нов дом за многу семејства од Македонска Каменица, истакна Митевски.

Тој додаде дека со досегашниот ангажман докажале на дело како се реализираат проекти.

– Затоа граѓаните на Македонска Каменица ќе изберат работа и само работа за подобра иднина на Македонска Каменица, истакна Митевски.

Би можело да ве интересира

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари во Скопје

А1он

Арсовска од Ѓорче: Спортски комплекс, уредување на Лепенец, енергетска транзиција, расчистување со депониите за 82 дена

А1он