Министерство за култура: Алаѓозовски ако има замерки, нека се откаже од средствата што ги добива за неговата издавачка куќа

Од:

Министерството за култура реагира на пресот на Роберт Алаѓозовски за националната програма.

“Министерството за култура го изразува своето длабоко жалење што господинот Алаѓозовски и оваа година, коментирајќи ја програмата на Министерството за култура, не успеа да ги разграничи своите лични интереси и желбите на неговите истомисленици од СДСМ од националните интереси во македонската култура.

И оваа година Алаѓозовски покажа елементарно непознавање на Законските процедури во нашата држава, нешто на што укажувавме да обрне внимание сите овие години. Потенцираме дека Годишната програма на Министерството за култура е донесена согласно Законските прописи во нашата држава. Од претседателот на комисијата за култура на СДСМ се очекува барем основно познавање на процедурите, законите и генерално на состојбите во македонската култура, а не паушални и лажни изјави со кои денеска се обиде по којзнае кој пат да ја изманипулира македонската јавност.

Колку за потсетување, Министерството за култура неколку пати досега апелираше господинот Алаѓозовски да собере храброст и како акт на несогласување и протест кон политиката на Министерството за култура, да се откаже од средствата што неговата издавачка куќа ги добива во рамките на Националната програма за култура. Но, тој не го стори тоа.

СДСМ е партија која зад себе нема оставено ниту еден значаен проект од областа на културата, проект кој е во интерес на македонските уметници, и затоа се прашуваме со кој кредибилитет, претставниците на оваа партија ги коментираат програмите на Министерството за култура. Во програмата на Министерството и оваа 2017 година се застапени огромен број на квалитетни проекти на националните и локалните институции, на граѓанските здруженија и на истакнати и реномирани автори и репродуктивни уметници и во тој контекст Министерството со индигнација ги отфрла обвинувањата за некаква си измислена лична одмазда што очигледно постои само во свеста на Алаѓозовски, неговите истомисленици и партиски ментори.

Го прашуваме господинот Алаѓозовски во кој од поддржаните преку 500 проекти од издавачката дејност препознава лична одмазда? Дали во преку 350-публикации, книги на млади автори и истакнати книжевни имиња од земјата и странство, дали во поддржаните преку 40 списанија, дали во проектите од електронското издаваштво, проектите на литературните здруженија и книжевните манифестации? Дали во претставувањата на меѓународните саеми во Франкфурт, Варшава и Истанбул препознава лична одмазда? За каква лична одмазда зборува господинот Алаѓозовски?

Што се однесува пак до почитувањето на јасно изразената воља на граѓаните на последните парламентарни избори на која се повикува Алаѓозовски, го упатуваме уште еднаш внимателно да го погледне извештајот за конечните резултати објавен на страницата на Државната изборна комисија“, се вели во реакцијата на Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонија заслужува европска иднина, нема откажување

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа што ДУИ го критикува работењето на СДСМ, а СДСМ нема кажано ниту збор против ДУИ, докажува дека се нивни измеќари

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

СДСМ: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор, не може да му се верува

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески