Миле Јанакиески бара полиграфско тестирање: Немам придонесено за да се случи „27 април“, јас сум чист

Од:

Поранешниот министер за транспорт и врски и обвинет во случајот „организатори на 27 април“, Миле Јанакиески, побара полиграфско тестирање за да докаже дека ја говори вистината и да го увери судот и јавноста дека не е виновен за крвавите инциденти. Јанакиески посочи дека полиграфско тестирање ќе докаже и дека сведокот Александар Василевски-Нинџа излажал кога го посочил како организатор и дел од лицата кои давале насоки од штабот на ВМРО-ДПМНЕ кон лицата кои влегоа во Собранието. Прашан дали го познава Нинџа, обвинетиот Јанакиески рече дека првпат го видел во судската сала, а никогаш претходно не комуницирал со него.

„Александар Василевски има дадено 5 различни изјави за овој кривично правен настан и доколку цените почитуван суде спремен сум на полиграф паралелно да сведочиме со Александар Василевски – Нинџа за настаните од 27 април и тогаш судот и целокупната јавност ќе се увери кој ја говори вистината. Дека Нинџа не ја говори вистината во овој изминат период сведочеа голем број на авторитети меѓу кои и актуелен и поранешен претседател на Влада, актуелен лидер на опозицијата, поранешен претседател на државата, голем број на пратеници и функционери но и самото мислење од техничкиот советник кој е доктор на науки го потврди истото. Јас за овој немил настан, кој никогаш не смее да се повтори, пред Бога пред себеси и семејството сум чист. И ќе потенцирам дека со ништо немам придонесено да се случат немилите настани од 27 април“, рече Јанакиески.

Наспроти тврдењата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција дека Јанакиески контактирал со Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски поврзано со протестите на „За заедничка Македонија“ и за организацијата на 27 април, обвинетиот негираше. Тој посочи и дека од денот на објавувањето на бомбите до сега, неговиот живот е радикално променет на негативно.

„Со Трајко Вељаноски контактирав додека бев министер. Откако како дадов оставка во мај 2015 година немав воопшто контакт. Со Спиро Ристовски имав честа комуникација додека бевме министри. Потоа истата се намали. Во 2016 и 2017 година против мене имаше отворено 3 истраги а едно судење беше во тек и најчесто контактирав со адвокати каде се среќавав со сообвинети и градевме одбрана. Спиро немаше истраги до СЈО и затоа овој период немав ни некаква комуникација. Од денот кога започна објавувањето на бомбите радикално на негативно се смени мојот живот и од 2015 до ден денес сум под мерки а веќе 2 години и 8 месеци сум во притвор. Со Владимир воопшто немав никакви контакти во тој период но ни на 27 април. Со него единствено сум имал контакти и тоа не директен кога ќе дојдеше на седница на Влада како директор за Финансова полиција. Тоа беше многу претходно пред да се случи овој настан. Ниту лицето Никола Бошковски го познавам ниту сум имал било каков контакт со него“, додаде Јанакиески.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Би можело да ве интересира

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

Ана Ололовска

СДСМ: „27 април“ е најцрниот датум во историјата на македонската демократија