Мицкоски: 20 илјади ученици не следат настава зошто немаат лаптоп компјутери

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на меѓународниот ден за образование порача дека власта системски го уништува образованието и дека 20 илјади ученици не следат настава зошто немаат лаптоп компјутери.

„Меѓународниот ден на образованието нашата држава го дочекува со: 20 илјади деца кои не следат настава затоа што немаат компјутери; штрајк на матурантите; „реформи од Финска” кои не се од Финска, а кои се туркаат на сила и без консензус; со обид да се укине предметот историја како посебен предмет; со ниту еден универзитет кој е на Шангајската листа од 1000 најдобри универзитети во светот и со образование кое е политизирано, наместо професионализирано.

Сето ова не го ветија, ама го остварија. А од ветеното ништо не исполнија. Со ваква власт нема иднина. Образованието системски се уништува. Наша е иднината и ние заедно ќе се избориме“ истакна Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги потврди листите за пратеници

Катерина Ѓуровски

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Николова: Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје

ВИДЕО: Време е за 90 пратеници и една изборна единца порача Мицкоски во промоцијата на изборната програма

Катерина Ѓуровски

Членство во ЕУ и продолжување на стратешкото партенство со САД – изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презентира програмата за парламентарните избори 2024