Мекларен 570С купе пристигнува во Њујорк

Од:

Мекларен официјално потврди дека првиот модел на новата Спорт серија ќе биде 570С купе, чија светска премиера ќе биде на претстојниот Саем на автомобили во Њујорк.

Спортскиот модел има структура од јаглеродни влакна додека под поклопецот се наоѓа В8 мотор. Интернационалната премиера ќе биде следната недела на 115-тиот Саем на автомобили во Њујорк.

Секој модел од Спорт серија ќе дели ДНК со Супер и Ултимејт Мекларен серијата и ќе поседува најмоќни перформанси во класата. За 570С купе, истовремено е првпат Мекларен да го искористи сето свое тркачко знаење во сегментот на спортски автомобили.

Согласно номенклатурата започната со 650С, бројот 570 во името го симболизира бројот на коњски сили. Официјални фотографии и целосни спецификации се очекува да бидат објавени идната недела.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска