МЕФ 2019: Да се направи рамнотежа меѓу користењето на почвата и производството на енергија

Од:

Дигитализацијата и користењето на паметни уреди се основа за равој на новите технологии во енергетиката, а балансирањето на енергијата е клучно за поголема примена на обновливите извори на енергија (ОИЕ), особено кај граѓаните, порачаа панелистите на четвртиот панел „Нови технологии и обновливи извори во целокупното производство на електрична енергија по 2030 година“ на „Македонскиот енергетски форум – МЕФ 2019“.

Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека земјава наскоро ќе објави повик за инсталација на 65 мегавати од фотоволтаични електрани. -За таа цел го променивме моделот и од фидинг преминавме на премиу тарифи како што нудат развиените земји, рече Бектеши.

Тој истакна дека земјава ќе ги поддржи сите заинтересирани за ОИЕ и додаде дека очекува во иднина да ни фалат експерти од оваа област. Прецизира дека на првиот повик ќе бидат понудени две локации на државно земјиште, и истакна дека локациите се разделени на повеќе помали локации од по пет мегавати за да им се даде можност на сите заинтересирани да се пронајдат и да се пријават на аукцијата.

-Ако одевме со фидинг тарифи за тоа ќе требаше да се одвојат петнаесетина милиони евра од Буџетот и тоа ќе паднеше на товар на граѓаните. Со премиумите ќе чини многуи помалку и нема да ја зголеми крајната цена, рече Бектеши.

Претседателот на Европската платформа за технологија и иновации на фотоволтаиците, Марко Топиќ посочи дека веќе не сме во ера на субвенции за фотонапонски електрани, туку тие се повеќе стануваат конкурентни на пазарот.

-Населението треба да одлучи дали само ќе поставува фотоволтаици за лични потреби или тие ќе бидат поставени на централно ниво, рече Топиќ.

Директорот на ОКТА за развој и стратешко планирање, Ристо Јаневски истакна дека повеќе од една година компанијата не е класична нафтена компанија, туку полека транзитира кон енергетска компанија. Во изминатиов период се здоби, како што кажа, со лиценци за производство и продажба на електрична енергија од ОИЕ.

-Веќе има инсталирано фотоволтаици. Најдовме клиент каде ги поставивме фотоволтаиците и произведуваме струја за него, а вишоците ги продаваме. Заинтересирани сме и за други локации за поставување фотоволтаици со вкупна инсталирана моќ од 10 до 12 мегавати, рече Јаневски.

Препорача 65-те мегавати што планира да ги објави Владата за изградба на фотоволтаици со премиуми да се распределат на повеќе инвеститори, а не само на еден за полесно балансирање.

Сашо Салтировски, директорот на ЕВН Дистрибуција, препорача компаниите заедно да работат со академската заедница за да можат да ги реализираат нивните планови за долгорочен развој.

-Ако зборуваме за цели до 2030 година мора да бидеме подготвени дека некои проекти нема да дадат резултати, а некои ќе дадат. Сметам дека акадмеската заедница треба да се вклучи во тоа и да дава идеи за проекти и да им ги понудат на компаниите, рече Салтировски.

За нови технологии и развој, потенцира, треба истражување, а тоа може да го направи акадмеската заедница, бидејќи компаниите се троми на тоа поле.

Лихие Еуклеа, инженер за животна средина и директор на Одделот за отпадна вода и обработлива почва ДХВМЕД од Израел рече дека треба да се направи рамнотежа меѓу користењето на почвата и производството на енергија за де не се предизвика негативно влијание врз животната средина.

-Се трудиме да користиме почиста енергија. Цел ни е до 2030 година да користиме само природен гас и воопшто да не користиме фосилни горива, а друга цел ни е 70 отсто од енергијата да добиваме од ОИЕ. Најприродно за нас како топла земја е да ја користиме сончевата енергија. Имаме три големи проекти кои користат сларна енергија од кои два се лицирани во пустина, рече Еуклеа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Отворен МЕФ 2021, насочен кон енергетската иднина на земјите од Западен Балкан

Ана Ололовска

МЕФ 2019: Заштедата на енергија може да се зголеми за шест пати со воведување мерки за енергетска ефикасност

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Бектеши на МЕФ 2019: Работиме на повеќе полиња за поголема употреба на обновливи извори на енергија

Ана Ололовска

Сера: Македонија да внимава со транзицијата кон ОИЕ

Ана Ололовска

Последен ден од МЕФ 2019

Ана Ололовска

Анѓушев: Во наредните две до три години нови 350 мегавати од обновливи извори

Ана Ололовска