Медитеранот во октомври го преминале рекордни 218.000 бегалци, што е речиси исто колку и бројот на мигрантите во целата мината година, соопшти денеска УНХЦР.
– Минатиот месец беше рекорден за преминување на Медитеранот, изјави Адријан Едвардс портпарол на УНХЦР.
Тој истакна дека во октомври од 218.394 луѓе, околу 8.000 пристигнале во Грција. Во минатата година биле регистрирани 219.000 бегалци преку Медитеранот.