„Матица македонска“ го почнува одбележувањето на 25-годишниот јубилеј

Од:

Со низа издавачки проекти и програмски активности во текот на календарската 2016 година „Матица македонска“ ќе одбележи 25 години од основањето, кое официјално издавачката куќа го слави во октомври.

По повод четвртвековниот јубилеј, од 15-ти до 29 февруари во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ ќе бидат организирани пладневни средби со истакнати македонски писатели, научници и публицисти.

Како што соопшти „Матица“, љубителите на македонската книга ќе имаат можност да се дружат со Стојан Тарапуза, Димитар Пандев, Катица Ќулафкова, Оловера Николова, Весна Мојсова-Чепишевска, Раде Силјан, Јован Јоновски, Ристо Стефановски, Витомир Митевски, Братислав Ташковски, Јован Стрезовски, Јусуф Сулејман, Матеја Матевски, Ефтим Клетников, Трајче Кацаров, Божин Павловски, Борче Панов, Паскал Гилевски, Иван Чаповски, Цветан Грозданов, Блаже Миневски, Вера Битракова, Владо Камбовски, Димитар Ќорнаков, Танас Вражиновски, Кристина Николовска…

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска