Маријано Рахој доби поддршка да формира малцинска шпанска влада

Од:

Лидерот на шпанската конзервативна, Народна партија (ПП) Маријано Рахој, кој досега раководеше со техничката влада на Шпанија, доби поддршка од парламентот во Мадрид, за да формира малцинска влада.

Претседателот на Парламентот, Ана Пастор соопшти дека Рахој ја добил довербата на пратениците, за создавање нова шпанска влада, со што се завршува десетмесечната политичка блокада во земјата.

Деблокирањето на политичкиот процес беше овозможено откако надворешна подршка на ПП им дадоа пратениците на  центристичката партија Сиудаданос (Граѓаните), додека главната опозициска социјалистичка партија (ПСОЕ) беше воздржана при гласањето.

Шпанија беше со техничка влада уште од декември 2015 година, кога на тогашните парламентарни избори, ниту една партија не обезбеди мнозинство за да може да формира влада.

Во јуни, годинава, се одржаа нови вонредни избори, на кои се повтори состојбата од декемвриските избори.

На двете гласања, победи Народната партија на Рахој, но и на двапати без потребното апсолутно нозинство. На двапати социјалистите беа втори, но ниту тие не можеа да обезбедат доволно бројна коалција за да може да формираат своја влада.

Сите обиди за создавање голема коалција пропаднаа, па се појави можноста од одржување и на трети избори, доколку до 1 ноември не се најдеше решение за излез од политичката блокада.

Водството на ПСОЕ се определи против трето гласање и одлучи да го смени својот лидер, Педро Санчез кој одбиваше да направи компромис со било која политичка струја, за да се покрене политичкиот процес.

ПП и ПСОЕ со децении на ред,  се менуваа на политичката сцена како носители на власта. Тој политички биполаризам се растури со појавата на центристите од Сиудаданос , кои повлекоа кај себе дел од конзервтивните гласачи, како и радикалната левичарска партија Подемос, која им одзеде на ПСОЕ добар дел од нивното гласачко тело.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски