Малта со безрезервна поддршка за Македонија за почеток на преговорите со ЕУ

Од:

Малта дава недвосмислена и безрезервна поддршка на Република Македонија во процесот на отпочнување на преговорите за полноправно членство во европското семејство.

Ова му го порача претседателот на Претставничкиот дом на Малта, Анџело Фаруџа на првиот човек на македонското Собрание, Талат Џафери.

Претседателот на Собранието Џафери на маргините на Третиот самит на спикери на парламенти на Централна и Источна Европа, што се одржува вчера и денеска во Варшава оствари билатерална средба со Фаруџа.

Фаруџа нагласи дека и покрај тоа што Малта е најмалата земја-членка на ЕУ, дава недвосмислена и безрезервна поддршка на Македонија во процесот на отпочнување на преговорите за полноправно членство во европското семејство.

Двајцата претседатели, како што соопшти кабинетот на Џафери, изразија задоволство од можноста да остварат прва билатерална средба и да разменат мислења околу отпочнување на потесна парламентарна соработка, особено во време кога Република Македонија има потреба од силна поддршка на патот кон влез во европското семејство.

Џафери изрази благодарност за воспоставувањето дипломатските односи со Малта на крајот од 2016 година, бидејќи тоа претставува одлична основа за интензивирање на идната заедничка соработка на сите нивоа и во домените од заеднички интерес, особено во контекст на европските интеграциски процеси на Македонија.

Двајцата соговорници се согласија дека токму Парламентите се стожер на процесот на европска интеграција на земјите и затоа секоја размена на искуства со земји членки е драгоцена во овој процес. Оттука, претседателите се согласија дека треба да се разгледа можноста за искористување на мноштвото стипендии што ги нуди Владата на Малта, меѓу другото и стипендии за државни службеници, како можност за размена на ниво на парламентарна служба.

На крајот на средбата, претседателот Џафери упати усна покана за официјална посета на Република Македонија до претседателот на Претставничкиот дом на Малта, во период кој ќе биде најсоодветен за двете страни.

Би можело да ве интересира

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ