„Македонија пат“ должи 6.9 милиони евра за ДДВ, „МТВ“ и „Македонски шуми“ редовни должници

Од:

Јавните претпријатија „Македонија пат“, „Ј.П. за стопанисување со објекти за спорт“, „Македонска радиодифузија“, „Македонски шуми“, „Водовод и канализација“, остануваат редовни должници кон Управата за јавни приходи.

УЈП објави нова листа на должници која опфаќа физички и правни лица со долгови доспеани до 31.12.2016 година и неплатени до 31.03.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.

Од јавните претпријатија кои се најдоа на оваа листа, најголем долг кој изнесува 6.9 милиони евра има „Македонија пат“ кој е втор на листата на должници на УЈП. Прв на листата е акционерското друштво Отекс од Охрид чиј вкупен долг изнесува 11.1 милион евра.

Од листата, физичко лице со најголем долг кон УЈП е кумановец со вкупен долг од 1.8 милиони евра.

Од вкупниот број должници 3120 се фирми и компании, а 1120 се физички лица.

Би можело да ве интересира

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

Орце Костов

Продолжување на рокот за поднесување ДДВ-04 пријави и надградба на ситемот е-ПДД

ВМРО-ДПМНЕ: Лукаревска место да поднесе кривична пријава до фирмите за криминал тежок над 22 милиони евра, таа ги става на листа на должници

Реакција на УЈП на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Демант од УЈП за тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ: Нема извршен поврат на ДДВ, даночните обврзници имаат даночен долг

Спречена измама со поврат на ДДВ од над 160 милиони денари на нафтени компании

Орце Костов