Македонци-гинисови рекордери во најголема далечина помината со туркање кола

Од:

Александар Чекоров и Александар Смилков и официјално се нови гинисови рекордери во дисциплината „Најголема далечина помината со туркање кола од двајца луѓе за време од 24 часа“. Новиот рекорд изнесува 95,07 км. Претходниот беше 82,4км и бил поставен во 2008 година од страна на двајца американци.

Стариот рекорд Чекоров и Смилков го срушија 13 и 14 декември минатата година кога во Спортскиот Центар Форца туркаа „Даеву Матиз“.

Тие колата ја туркаа на кружна патека во салата во присуство на седумчлена од АФМ и истакнати спортски работници и спортисти. Настанот беше документиран со 24 часовно видео, фотографии и записник од страна на судиската комисија. Подршка на настанот обезбедија Македонски телеком и Т-Мобиле, Спортскиот центар Форца, Скопски Маратон, Сојуз на спортови на град Скопје и Горска Вода.

Чекоров е речиси 20 години во маратонското и ултрамаратонското трчање, и е првиот македонец што има истрчано 100 км (1997 година), а се уште држи македонски рекорди на 6-дневната (558км) и 10-дневната ултрамаратонска трка (890км и 3 место во апсолутен пласман).

Смилков е фитнес тренер и активен маратонец. Во Маратнонското трчање е од 2009 година, како член на  А.К Еndurance.mk , а најуспешна година му е 2014 кога заедно со Скопско Ноќно Трчање истрча шест полумаратона и два Маратона (Солун, Љубљана).

Гинис вчера официјално на нивната веб-страница го објави и потврди новиот рекорд на Чекоров и Смилков.

Би можело да ве интересира

Почина веројатно последната личност родена во 19. век

Ана Ололовска

Соборен рекордот во менување автомобилски гуми

Ана Ололовска

ВИДЕО: Џои Честнат од САД изеде рекордни 76 виршли одеднаш

Ана Ололовска

Швајцарски кројач соши панталони од 70 метри

Ана Ололовска

Новиот женски рекорд за најбрзо искачување на Еверест, ѝ припаѓа на планинарка од Хонг Конг

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Пуцвал“ за Гинис – Симон Вилијамс е горда сопственичка на најголемата афро-фризура во светот

Жарко Настоски