Мајка Тереза-102 години од раѓањето

Од:

102 годишнината од раѓањето на Мајка Тереза, денеска ќе се одбележи со премиерна проекција на филмот „Живеејќи со Мајка Тереза“ на јапонскиот режисер и претседател на Јапонската филмска академија Шигеки Чиба.

Филмот е снимен за јубилејот – 100 години од раѓањето на Мајка Тереза во 2010 година, а премиерно во Македонија ќе биде прикажан денеска во 19:30 часот во амфитеатарот на Спомен-куќата на Мајка Тереза.

Филмот содржи архивски снимки од посетата на Мајка Тереза на Јапонија во 1981 година.

По повод 15-годишнината од упокојувањето на Мајка Тереза, на 5 септември премиерно ќе биде прикажан и вториот филм од истиот автор „Мајка Тереза и нејзиниот свет“.

Во Домот на АРМ денеска ќе биде доделена и државната награда „Мајка Тереза“.

За својата хумана работа Мајка Тереза во 1979 година ја доби Нобеловата награда за мир. Во 2003 година папата Јован Павле Втори ја беатифицираше, т.е. ја прогласи за блажена, што е чекор до прогласување за светица.