Мајк Пенс ги поддржува мировните преговори за Кипар

Од:

Претседателот на Република Кипар, Никос Анастасиадис по разговорите во Никозија со американскиот заменик-претседател Мајк Пенс ирази задоволство од подготвеноста на претставникот на САД да помогне во решавањето на проблемот со етнички поделениот остров, пишува весникот „Катимерини“.

– Она што ме радува е дека САД се заинтересирани за пронаоѓање решение за кипарското прашање, кое ќе биде прифатено од целиот народ на островот и кое ќе се заснова на европските принципи и на фактот дека Кипар е членка на ЕУ, изјави Анастасиадис.

Пенс изрази поддршка за мировните преговори за повторно обединување на Кипар.

Освен кипарскиот проблем двајцата државници разговарале и за натамошно подлабочување на односите меѓу САД и Кипар, како и за ситуацијата на Блискиот Исток и за енергетски прашања.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски