Луис Суарез го потврди заминувањето на Денис Суарез од Барса

Од:

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез потврди преку фотографија на социјалните мрежи дека клубот ќе се раздели со играчот од средниот ред – Денис Суарез.

Халфот преминува на стадионот „Емирати“ како позајмен во Арсенал до крајот на сезоната, откако стана целосно непотребен во составот на Ернесто Валверде.

Денис Суарез воопшто не одржа тренинг со каталонците вчера и тоа ги засили гласините дека тој е пред преминување во редовите на „топџиите“.

Арсенал ќе има можност да го купи Шпанецот, но не е обврзан да го стори тоа. Денис се очекува да го продолжи договорот со Барса до летото 2021 година.

Ова ќе овозможи на шпанскиот шампион да ги задржи уздите поцврсто во преговорите со друг клуб во текот на летото или следната зима.

„Со среќа во следната фаза“, напиша Луис Суарез на фотографијата, на која го прегрнува својот соиграч.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска