Лизгање на земјиштето причина за несреќата на патнички воз во Швајцарија

Од:

Најмалку седум луѓе се повредени во железничка несреќа што се случи денеска во близината на Тефенкастек на исток во Швајцарија.

Возот е на Швајцарската железница и превезувал 200 патници во планински дел, а лизгањето на земјиштето кое ја покри пругата е причината за несреќата.

– Еден дел од возот излета од шините, однесен од лизгањето на земјиштетото, изјави портпаролот на швајцарската железница Симон Рагет.

Според весникот „20 минути“, еден од вагоните паднал во провалијата, но патниците се спасени.

Седум повредени од кои пет тешко се пренесени во болницата во Куар, пренесеува весникот Тагесацејгерм кој прецизира дека жртвите биле пренесени со хеликоптер. Стотина други патници од возот, биле спроведени пешки од спасувачите до железничката стница Тиефенкастел. На 24 јули годинава се случи слична несреќа, кога едно лизгање на земјиштето ја попречи железничката пруга во близината со француската граница, меѓу Мартињи и Сембраншер. Во овој дел на Европа последниве денови заврнаа силни дождови, кои се најверојатно причината за лизгањето на заемјиштето.

Би можело да ве интересира

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Шестмина скијачи исчезнаа на швајцарските Алпи

Катерина Ѓуровски

Во Луцерн: Србин ја убил сопругата која сакала да се разведе од него

Швајцарија изгласа воведување тринаесетта пензија

А1он

Убиен e Иранецот кој држеше заложници во Швајцарија

Горан Наумовски

Србинка во Швајцарија паднала од мост висок 30 метри, уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија

Горан Наумовски