Лидија Димковска член на жирито за престижната светска награда „Збигњев Херберт“

Од:

Македонската поетеса Лидија Димковска ќе биде член на Меѓународното жири за престижната светска награда „Збигњев Херберт“, која во чест на овој голем полски поет од јуни годинава во Варшава, Полска,  ќе се доделува на еден светски поет за животно дело.

Членството е на покана на Меѓународниот борд на фондацијата „Херберт“ што го сочинуваат едни од најголемите европски писатели и интелектуалци Адам Загајевски, Јулија Хартвиг, Михаел Кругер, Франческо Каталучо и Тимоти Гартон.

Во жирито, покрај Димковска се членови и познатите автори Едвард Хирш од САД, Волфганг Мац од Германија, Агнета Плејел од Шведска, Јарослав Миколајевски од Полска, Томас Венцлова од Литванија и Хауме Валкорба Плана од Шпанија. Секој член на жирито има право да номинира по еден поет/поетеса од светски ранг за животно дело од областа на поезијата.

Името на добитникот/добитничката ќе биде обелоденето на прес конференција и вечер посветена на светската поезија на почетокот на март во Варшава. Наградата ќе биде доделена на свеченост посветена на лауреатот на 3 јуни во Варшава, Полска.

Би можело да ве интересира

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Онлајн-промоција на „Почитувани бубачки и други морничави приказни“од Маша Колановиќ

Кристина Краличин добитник на првата награда на конкурсот „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia”

Објавена книгата за деца и млади „Диносаурус“ од Аевар Тор Бенедиктсон

Нова книга со раскази „Деконструкција на празнината“ од Даниела Андоновска-Трајковска

Промоција на книгата „Витаминот Д и респираторното здравје“ од Татјана Јаќовска и Весна Мицевска

Ана Ололовска