ЛИДЕМ бара поддшка на акцијата за бесплатен превоз на студентите

Од:

Либерално-Демократската Младина упатува јавен повик до своите колеги од УМС на ВМРО-ДПМНЕ да ја подржат нашата инцијатива за бесплатен превоз на студентите.

Сите знаеме дека да се биде студент, во најголемиот дел од светот, значи и уживање во некои превилегии. За жал не и во Република Македонија. Студентскиот стандард кој е сериозно нарушен е само рефлексија на општата економска состојба во државата, стои во соопштението.

Денеска за младите успешна приказна во Македонија е да се отиде надвор од државата и таму да се успее. Либерално-Демократската Младина (ЛиДеМ) е свесна дека оваа иницијатива не е доволна да се спречи бранот на масовно иселување на младите од државата, меѓутоа, барем ќе помогне на оние кои решиле да останат во Македонија и тука да вложат во своето образование и иднина. Дотолку повеќе, за бесплатниот превоз на студентите, ЈСП Скопје, би добивало субвенции од буџетот на градот Скопје, а овие средства би се обезбедиле со првиот нареден ребаланс на буџетот на градот. и сметаме дека обезбедувањето на средства за бесплатен превоз на студентите не претставува посебно оптоварување на буџетот на градот.

Токму поради овие причини ЛиДеМ уште во 2010 година, ја поднесе иницијативата за бесплатен превоз за студенти и е иницијатор и промотор на оваа кампања. На почеток тоа го правевме преку социјалните медиуми, а потоа и преку официјална иницијатива на нашиот претставник во градот Скопје г-динот Зоран Шапуриќ на кој подочна му се придружија и останатите советници од Сојузот за иднината. Според иницијативата за бесплатен превоз за студентите, бесплатниот превоз би се однесувал за сите редовни студенти што студираат во градот Скопје, за време на наставната година, во период од 1-ви октомври до 30-ти јуни, во сите денови освен во недела и за време на државните празници, од 8 до 21 часот. Бесплатниот превоз би важел за сите автобуски линии по кои сообраќа Јавното сообраќајно претпријатије Скопје.

Затоа драги колеги од УМС на ВМРО-ДПМНЕ, ве повикуваме безрезервно да ни се придружите заеднички да се избориме за подобар студентски стандард, да покажеме дека со заеднички сили можеме да му помогнеме на младиот човек во Македонија и конечно да покажеме дака можеме заеднички да ги промовираме и браниме интересите на сите студенти во нашата држава. Не ја отфрлајте оваа иницијатива само поради тоа што потекнува од ЛиДеМ. Сериозно размислете за неа и донесете мудра одлука. Издигнете се над интересите на вашите партиски ментори и придружете ни се во оваа наша иницијатива, завршуваат од ЛИДЕМ.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики

Јакимовски за викенд -акцијата „Здрави навики“: Заедно со граѓаните се грижиме за здравјето и градиме здрави животни навики