„Лица без маски“ од 12-ти до 16-ти април

Од:

Со претставата „Филм“ на Независен проект од Скопје, в петок на сцената „Потковица“ во Универзалната сала ќе биде отворен шестиот по ред Интернационален театарски фестивал „Лица без маски“ кој годинава ќе се одржи под мотото „Ослободи се“.

Селекторот Игор Ивковиќ на прес-конференција истакна дека од година во година интересот за Фестивалот е се поголем и оти оваа година биле фасцинирани од бројот на апликации. Тој посочи дека годинава во петте фестивалски вечери заедно со шесте претстави на репертоарот нудат релаксација на умот, телото и животот.

– Во многу кус временски период од почетокот на јануари до 1 февруари пристигнаа 70 апликации. Навистина беше тешко да се направи еден убав избор на претстави кои ќе бидат огледало на концептуалниот истражувачки експериментален театар кои носат нова свежина, естетика, форма и идеја, рече Ивковиќ.

Потенцира дека првпат годинава ќе биде изведена претставата „Убиј ги децата“ на Академијата за театар од Рим, „Софија Амендолеа“.

– Академијата работи на еден нов концепт на театарот, материјален театар и заедно со претставата „Деволуција“ на Петар Пашов кои доаѓаат од „Ателје 313“ од Софија нудат нова современа естетика. Годинава првпат го имаме театарот „Западнија“ од Полска со „Каменот на трпеливоста“. Претставата од Романија „Ова е моето тело. Повели во моите мисли“ на театарот „Создава, глуми, ужива“ ќе биде изведена на затворањето на Фестивалот. Ќе настапи и еден од најстарите академски театри од Србија „Бранко Крсмановиќ“ со претставата „Рувензори“ која минатите неколку години освојува престижни награди низ светот, додаде Ивковиќ.

Директорот на Фестивалот Миодраг Костиќ рече дека ќе бидат доделени три награди: Град при за најдобра претстава во целина, награда за најдобра актерска игра и награда за најдобра режија. За наградите, истакна тој, ќе одлучува тричлено жири во состав Васил Зафирчев, актер и уметнички директор на Велешкиот театар, Сотир Трајков, новинар и театарски критичар и Дарко Вељиќ, пантомимичар и дипломиран актер.

Во рамки на Фестивалот секој ден од 12 часот ќе се одржат и театарски работилници на гостите од Романија, Србија, Бугарија, Полска и Италија. Цената на билетите за Фестивалот е 150 денари, а блок билетите чинат 500 денари.

На отворањето на Фестивалот, концерт на „Мала сцена“ во Универзалната сала ќе одржи македонскиот бенд „Калевал“.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска

Музички спектакл на четири млади актерки во Јавна соба – „Girls night“

Ана Ололовска