Кузмановски го продолжи договорот со Металург

Од:

Металург денеска на прес-конференција објави дека ја продолжува соработката со македонски репрезентативец Филип Кузмановски. Со новиот договор Кузмановски се обврза на верност кон македонскиот вицепрвак до 2019 година.

– Ја продолжуваме традицијата да ангажираме млади играчи, а еве сега и ги продолжуваме договорите со нив. Се обидуваме да ја стабилизираме екипата и сите тие млади ракометари кои се и репрезентативци на Македонија да ги задржиме во клубот за да го подигнеме и нивниот и нашиот квалитет. Во нашите планови се секако и договори со играчи кои се дел и од нашата втора екипа. Лино Червар има голема заслуга за оваа проекција, како и директорот на клубот Ванчо Димовски, изјави Зоран Цветановски, новиот претседател на клубот.

Кузмановски изрази задоволство што го продолжи договорот со клубот од Автокоманда.

– И покрај неколкуте опции каде да ја продолжам кариерата се одлучив за Металург, бидејќу тука сум задоволен и очекувам уште да напредувам, рече Кузмановски.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ