Курди: Џихадисти на ИД речиси протерани од Кобане

Од:

Џихадистите од групата „Исламска држава“ речиси се целосно протерани од сирискиот град Кобане, во близина на границата со Турција, соопштија денеска курдски претставници и активисти.

Тоа е значителна победа и за курдските борци, но и за меѓународната коалиција предводена од САД, која се бори против групата ИД, пренесува Танјуг.

Опозициската организација Сириска опсерваторија за човекови права и високиот курдски претставник Идрс Насан изјавија дека моментално се водат само спорадични борби во источниот дел на Кобане.

– ИД е на работ на пораз, изјави Насан, додавајќи дека одбраната на џихадистите е урната и дека екстремистичките борци бегаат.

Во септември џихадистите заземаа речиси 300 курдски села во близина на Кобане и окупираа околу половина град. Над десетина илјади бегалци од градот преминаа на турска територија.

Воздушните напади на меѓународната коалиција на позиции на ИД почнаа на 23 септември минатата година. Над 80 отсто од воздушните напади во Сирија се извршени во и околу Кобане.

Насан изрази очекување дека градот Кобане ќе биде ослободен целосно до вторник.

Од средината на септември во борби за Кобане загинаа 1.600 лица, вклучително 1.075 борци на ИД, 459 курдски борци и 32 цивили, соопшти на почетокот на јануари Опсерваторијата за човекови права, со седиште во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град

Конфликти на границата со Сирија: Има мртви и ранети