Круемади: Албанија се наоѓа на најопасниот крстопат до сега

Од:

Претседателката на третата по големина партија во Албанија, Движењето за социјалистичка интеграција Моника Круемади, смета дека состојбата со криминалот во земјата е алармантна.

Таа на денешната средба со известувачите на мониторинг заедницата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, Андреј Хунко и Џозеф О`Рајли, додала дека Албанија во моментов „се наоѓа на најопасниот крстопат до сега“.

– Владеачкото мнозинство и премиерот ја зграпчија реформата во правосудството, уништувајќи ја суштината и целта на реформата усвоена со историскиот консензус од 21-22 јули. Опозицијата ќе ја продолжи битката за враќање на правната држава, и ќе се бори без никаков компромис против организираниот криминал и недозволената трговија. Тоа, практичо, ќе го направиме, почнувајќи од албанскиот Парламент, од секој град и село во земјата, нагласила Круемади.

Таа ја посочила потребата од евидентирање на овие сериозни проблеми од страна на Советот на Европа, како клучна европска институција, која ја набљудувала и и помагала на Албанија во изминатите 27 години плурализам. Според неа оваа мисија на набљудувачите за прибирање на факти се случува во вистински момент, за што и им се заблагодарила на известувачите за тоа.

Партијата Движење за социјалистичка интеграција, на Круемади,која е сопруга на актуениот албански претседател Илир Мета, е дел од обединетата албанска опозиција и е голем критичар на владата на премиерот Еди Рама.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија