Крос два месеци надвор од теренот, го пропушта „Ел Класико“

Од:

Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос ќе паузира околу два месеца поради повреда на метатарзалната коска, соопшти денеска шампион на Европа.

Повреда германскиот репрезентативец ја заработил во текот на неделниот натпревар со Леганес (3:0) во Примера, иако тој ги одигра сите 90 минути и имаше асистенција при третиот гол за неговиот тим.

Крос, исто така, ќе ги пропушти важните натпревари со Атлетико Мадрид и Барселона во домашното, како и преостанатите два натпревара во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд и Спортинг Лисабон.

Тој е еден од најстандардните во кралскиот клуб со 16 одиграни натпревари оваа сезона во сите натпреварувања.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска