Крива Паланка – активности за одбележување на Меѓународениот ден на лицата со посебни потреби

Од:

Денеска во учишнатата спортската сала „Партизан“ се одржа централниот настан од Програмата за одбележување на 3 Декември, Меѓународениот ден на лицата со попреченост, а со низа други активности, пригоди и свечености во наредните денови, ќе продолжи неговото одбележување.

Овој настан е дел од пошироката Годишна програма на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост.

„Порака“ од Крива Паланка, кој настанот го реализира во соработка со Меѓуопштинскиот центар за социјална работа од Крива Паланка, со поддршка од локалните самоуправи на општините Крива Паланка и Ранковце и Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Скопје.

Согласно со насоките добиени од ОН, темата што е поставена за одбележување на овогодишниот меѓународен ден е „Зајакнување на лицата со попреченост и обезбедување на инклузивност и еднаковост“.

Во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, предвидени се и неколку други активности. Во наредните денови ќе се рализира и распишување конкурс за изработка на ликовни творби, поезија и проза, ќе следува и доделување награди и признанија, посета на семејства кои имаат регистрирано дете со интелектуална попреченост, а кое не го посетува дневниот центар или други установи од областа на социјалната заштита, како и други придружни активности.

Би можело да ве интересира

Жена со здравствени проблеми нападнала негувателка, а потоа предизвикала пожар и починала

А1он

Пуштен патот Крива Паланка -Деве Баир, Николовски најави повеќе нови проекти

Предраг Петровиќ

Наум Поцев го фати чесниот крст од водите на Крива Река

А1он

Селото Дренак во кривопаланечко десетина дена е отсечено поради снегот

Седумдесет и шестгодишен жител на Крива Паланка убиен во неговиот дом

А1он

Голем пожар на градската депонија во Крива Паланка