Косово 138 денa без Парламент

Од:

Од 7 мај, кога беше распуштен претходниот состав на косовското Собрание, изминаа 138 дена, што значи дека толкав период Косово е без Парламент.

На изборите одржани на 8 јуни, кои како ни едни до сега добија позитивни оценки од домашните и странските набљудувачи, победник беше Демократската партија на Косово (ПДК) на премиерот во заминување Хашим Тачи со освоени 30,38 отсто од гласовите.

Но, радоста од победата за овој политички субјект траеше крато, затоа што два дена по изборите, на 10 јуни лидерите на опозицискиот блок потпишаа договор за постизборна коалиција. во која влегоа Демократски сојуз на Косово (ЛДК) на Иса Мустафа, Алијансата за иднината на Косово (ААК) на Рамуш Харадинај и Иницијативата за Косово на Фатмир Лимај. Кон нив неодамна се приклучи и движењето „Самоопределување“ и тие  формираа постизборната коалиција која има 63 од вкупно 120 пратенички места во Парламентот.

Демократите имаат 30 пратеници, останатите дваесет пратенички места се за малцинствата, од кои десет за српското.

На двапатти пропадна конституирањето на Парламентот, првиот пат на 17 јули кога за претседател на законодавниот дом беше избран Иса Мустафа, но Уставниот суд го поништи изоборот, и вториот пат на 18 септември, кога кандидатот на ПДК Арсим Бајрами не доби довол број гласови за да биде избран за прв човек на Собранието.

И третиот обид, како што наведува весникот „Експрес“ не гарантира избор на претседател на Парламентот, поради големите разединувања меѓу новиот колаициски блок и демократите. Затоа, се погласно се зборува за нови вонредни парламентарни избори или за „употреба“ на влијанието на меѓународната заедница.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски