Кореја со драматична победа над Португалија го остави Суарез и Уругвај во солзи

Од:

Уругвај и нивната прва ѕвезда, слично како пред 12 години, повторно беа кошмар за фудбалската репрезентација на Гана, откако ветеранот имаше две асистенции за да ги преводи Уругвајците до 2:0 победа, но тоа не беше доволно за пласман во осминафиналето, откако Јужна Кореја во последните минути од мечот успеа да стигне до 2:1 победа над Португалија за да го освојат второто место пред Уругвајците поради подобра гол-разлика.

Гана се надеваше на одмазда за пресметката од СП во 2010 година, кога Луис Суарез имаше голманска интервенција за да добие црвен картон, но потоа пеналот беше промашен, а Уругвај потоа на пенали ги помина во осминафиналето. Изгледаше дека ќе ја добијат „правдата“ кога во 21. минута кога беше досуден пенал за африканската репрезенцијата. Меѓутоа, обидот на Андре Ају заврши во рацете на голманот Серхио Рошет, за потоа Гана да доживее нокаут за пет минути.

Суарез беше клучен во првиот гол, кога по неговиот обид, Гиоргиан де Араскета донесе водство за Уругвај во 26. минута, за во 32. минута, Суарез повторно да му асистира на Де Араскета за голема 2:0 предност, која ја задржаа до крајот на мечот.

Португалија, пак, со oсигурен пласман, дојде до рано водство против Јужна Кореја преку Рикардо Хорта најавувајќи лесен триумф на фаворитите. Меѓутоа, Корејците добија „подарок“ од Кристијано Роналдо кој несакајќи му асистираше на Ким Јонг-Гвон за израмнување во 27. минута. Корејците стигнаа до гол кој значи осминафинале во 91. минута, кога по соло продорот на Сон Хеунг-Мин, тој му асистираше на Хванг Хи-Чан, кој го совлада Диого Коста за голем триумф.

Двете репрезнтации имаат по 4 поени, но Кореја има 4:4 гол-разлика, додека Уругвај само 2:2! Вака, Кореја ќе оди речиси сигурно на Бразил, додека Португалија ќе го чека второпласираниот од групата Ф, односно Србија, Швајцарија или Камерун.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Марчинијак: Французите не се жалат дека сите резерви беа во терен кога Мбапе шутираше пенал

Мароканците одлучија паричната награда од ФИФА да ја донираат за сиромашните сограѓани

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мароканците со фантастичен пречек во Рабат

Горан Наумовски

Мустафа Хаџи со лажна лиценца бил асистент тренер во репрезентацијата на Мароко

Горан Наумовски

Ѓоковиќ го пофали Катар за организацијата на Светското првенство: Еден од најдобрите фудбалски натпревари што сум ги гледал

А1он

Најефикасен Мундијал во историјата